На покана од нашето партнерско Здружение за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром ВЕРА од Струмица и Здружението МОБИЛНОСТ од Струмица кои организираа Новогодишен концерт чија цел беше собирање на средства за социјално загрозени фамилии, нашиот регионален координатор Даниела Мирчевска, како претставник на Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби, и која асистираше во самата организација на истиот, имаше свое кратко поздравно обраќање кон гостите.
Концертот кој се одржа на 24.12.2015 година во Домот на Културата Антон Панов беше масовно посетен од многу деца со посебни потреби, нивните родители, но и од родители кои и самите имаат посебни потреби. Сите средства кои беа собрани на концертот беа поделени на три социјално загрозните семејства.