Нов центар за родители на деца со посебни потреби во Струмица

Реурсниот центар е чадор-организација или сервис, кој има задача да ги собере сите информации што им се потребни на родителите на децата со посебни потреби, а го сочинуваат токму тие, родителите на децата со посебни потреби. Идејата за Ресурсниот центар постои две години, но во тој период се работеше на развивање политики, на обука, на […]

Реурсниот центар е чадор-организација или сервис, кој има задача да ги собере сите информации што им се потребни на родителите на децата со посебни потреби, а го сочинуваат news11токму тие, родителите на децата со посебни потреби.

Идејата за Ресурсниот центар постои две години, но во тој период се работеше на развивање политики, на обука, на детектирање родители што ќе можат да направат сето тоа да функционира, а од пред шест месеци почна промовирањето, со поддршка на УНИЦЕФ – рече Маја Лазаревска од овој центар.

Во секој од градовите во земјава Ресурсниот центар на родители на децата со посебни потреби има своја партнер-организација, а во Струмица тоа е здружението „Вера“, за поддршка на децата со Даунов синдром. Целта е вмрежување на сите здруженија во државата, кои ги опфаќаат лицата со посебни потреби. Постои и инфо-линија, а ќе се изработи и регистар на лицата со посебни потреби, кој во држават не постои од 1968 година. Се претпоставува дека лицата со посебни потреби се 8 отсто од популацијата во Европа.

 

Повеќе на: