Од 11 до 13 Ноември, 2017 год. во Хотел Бисер, с. Калишта, Струга се одржа четврта психолошко-едукативна работилница за родителите на децата со посебни потреби за 60 учесници. Настанот беше дел од тековниот проект, кој Ресурсниот Центар го спроведува заедно со УНИЦЕФ. Работилниците ги водеше Проф.Д-р Диана Белевска. Гости на работилницата беа и Гоце Коцевски од Асоцијација на Млади Правници на Македонија и Јованка Симоновска, одделенски раководител во ОУ Владо Тасевски Скопје.
И за оваа, како и за претходните работилници, реакциите на родителите се одлични од сите учесници и гости.
Им благодариме на УНИЦЕФ за можноста да организираме ваков настан, како и за постојаната поддршка во нашите секојдневни борби.
На сите оние кои беа дел од настанот им благодариме на присуството и довербата. На оние за кои не успеавме да обезбедиме место, им се извинуваме и ги покануваме на нашите наредни работилници.