Целта на проектните активности беше подобрување на семејната стабилност преку давање на бесплатна индивидуална психо-социјална подршка на родителите на деца со попреченост. Во вакви специфични услови, поддршката, ги зајакна капацитетите и потенцијалите на родителите за соочување и за справување со стрес и криза кои се предизвикани од пандемијата на корона вирус. Со индивидуална психолошка поддршка беа опфатени 100 семејства.
-Во рамките на проектот беа изработените флаери и доделени пакети на 100 семејства со основни средства за заштита и на тој начин ја истакнеме важноста од почитување на препораките на Министерството за здравство, важноста на придржувањето кон мерката задолжително носење на заштитна опрема на лицето и потребата од самоизолација, особено за децата со попреченост, кои се со кревко здравјеи спаѓаат во високо ризична група. Преку четири организирани едукации ги обучивме родителите за начините на заштита и унапредено семејно функционирање кое е биде во интерес на сите семејни членови во услови на епидемии од заразни болести во иднина. Она што сакаме да го истакнеме е дека семејствата на деца со попреченост психо-социјалната подршка и едукацијата ги оценија како многу корисни и неопходни во овој за нив многу сериозен период, рече регионалната координаторка Весна Андреева.
Ресурсен центар селекцијата на општините ја направи врз основа на различни критериуми. Поточно Општина Велес беше избрана поради троцифрениот број на заболени од вирусот COVID-19, додека пак општина Гостивар како повеќе национална општина.
-Нашето повеќегодишно искуство укажува дека родителите на деца со попреченост од албанска националност поретко бараат психо-социјалната подршка на нивниот мајчин јазик, па токму тоа беше клучна причина за избор на оваа општина. Индивидуалната психо-социјалната подршка беше организирана онлајн, така што родителите на деца со попреченост немаа физички контакт со психологот. Согласно постоечките препораки, и едукациите со родителите ги реализиравме онлајн преку ZOOM платформата. Регионалните кординатори на Ресурсен центар поединечно и придржувајќи се до сите препораки лично ги доставуваа до домовите на семејствата пакетчињата со основен материјал за заштивта во услови на пандемија, додаде Андреева.
Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби им се заблагодариме на Градоначалниците на општините Велес и Гостивар за подршката и одличната соработка.
Проектот „Среќно лице – заштитено лице!“ на Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби е финансиран од Владата на Р.Северна Макeдонија.