Во рамките на тековниот проект, кој Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби го реализира во соработка со УНИЦЕФ, на 05.6.2015 година во просториите на Домот на културата 25 Мај во Валандово одржа промотивен настан.
На настанот беше презентирана досегашната работа на Ресурсниот Центар, нејзината стратегија, идните насоки и цели. Замислен како национален сервис кој нуди основни совети и насоки на сите родители на децата со посебни потреби околу секојдневното функционирање на детето и семејството, Ресурсниот Центар ги претстави својата идеја да ги обедини сите институции, организации и поедници со една едниствена цел: квалитативно да го подобри животот на децата со посебни потреби и нивните семејства.
На настанот беа поканети и присуствуваа претставници на детските градинки, Центарот за социјална работа, претставници на локалната самоуправа, дефектолози, логопеди, претставници од Заводот за социјални дејности, здравствените установи (педијатри, интернисти, лекари од примарната здравствена заштита) и родители на деца со посебни потреби.
Истиот ден, нашиот Регионален Координатор присуствуваше и на промоцијата на Дневиот Центар на децата со посебни потреби кој наскоро ќе се отвори во Валандово и оствари личен контакт со голем број на родители кои покажаа отвореност и спремност да претставуваат дел од родителското лоби кое ќе работи на остварување на стратешките цели на Ресурсниот Центар.
Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби