Ресурсниот Центар, во соработка со Британската Амбасада во РМ, во рамките на проектот “Outreach for Parent Centar”, во текот на Мај одржи неколку презентации низ Македонија
Здружението Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби, во периодот 05-07 Мај, 2015 год. одржи блок-презентации во 4 града низ Македонија (Кичево, Ресен, Крива Паланка и Ново Село, Струмица) на тема Стратегии на комуникација и развој на Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби со генерална цел одредување на целните групи и поединци кои се најважни во процесот на детектирање и одеја да се опфатат и сензибилизираат породилиштата, педијатрите, дефектолозите, психолозите, родителите и сите останати институции или поединци кои се во контакт со децата со посебни потреби и нивните родители.
Резултатот од овој проект треба да донесе нови и/или подобрени начини на комуникации помеѓу гореспоменатите групи, нови идеи за размена на информации, нови начини на поддршка, совети идр.
Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби