Што е Аутизам?

Аутизам и Аспергеров синдром се дел од голем број на поврзани развојни нарушувања познати како аутистичен спектар на нарушувања.

Аутизмот е најсериозната форма на манифестирање на аномалии во развојот на личноста, која влијае на социјалниот контекст на личноста. Се карактеризира со неможност и тешкотија во остварување на социјални врски и комуникацијата со околината.

Autizam

Дали постои лек за Аутизам?

Не постои лек за Аутизам, но со примена на бихејвиорална терапија однесувањето кое е окарактеризирано како несоодветно може да се ублажи, а детето да се прилагоди колку што е можно повеќе на средината. Бихејвиоралната терапија дејствува врз ефектите, а не врз причините. Интензивните терапии често може да им помогне на луѓето со Аутизам да станат понезависни. Не постојат две личности кои на ист начин ќе бидат погодени од Аутизмот, ваквата перцепција е важна да се има бидејки е е важно да се обезбеди третмани и терапии прилагодени на индивидуалните потреби на вашето дете.

Колку е честа Аутизам?

Аутизмот се појавува 4 пати повеќе кај машките отколку кај женските и 75 % од случаите манифестираат и ментална ретардација. Аутизам е еднаква појава кај луѓето од сите општествени средини и етничките групи.

Кои се причините за Аутизам?

Не се познати причините за појавата на аутистичните нарушувања, иако новите истражувања укажуваат на генетскиот фактор во комбинација со надворешни тригери и фактори.

Карактеристики на Аутизам

Симптомите од аутистичниот спектар вклучуваат:

  • – тешкотии со социјалната интеракција
  • – оштетен јазик и комуникациски вештини
  • – необични модели на мислата и физичко однесување

Состојби поврзани со Аутизмот

Некои луѓе со Аутизам може да се поврзани со други овие можат да вклучуваат:

  • – Проблеми со учењето
  • – Проблеми со спиењето
  • – Тешкотии комуникација
  • – Проблеми со концентрација и однесување
  • – Ментална ретардација

Други организации кои специфично се занимаваат со Аутизмот НВО Во Мојот Свет Скопје ( http://www.vomojotsvet.org.mk/)