dodatok za gluvostПравото на додаток за глувост се обезбедува за тотално глуво лице односно лице кое што има потполна згасната слушна перцепција и истото не може да ги задоволи своите животни потреби без толкувач на знаковен јазик, со навршени 26 години.

Месечен износ на додатокот изнесува 4.000 денари усогласен со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

Правото на додаток за глувост се остварува од денот на поднесување на барањето до месно надлежниот центар за социјална работа, а врз основа на конзилијарно мислење потпишано о тројца лекари специјалисти или врз основа на наод и мислење донесен од страна на првостепена комисија за утврдување на правото на додаток за глувост, која што го утврдува видот и степенот на оштетувањето и потребата за остварување на ова право.

Во постапката по жалба против наодот и мислењето на првостепената комисија за остварување на право на глувост, наод и мислење дава второстепена комисија.