Инклузивнo образование - Улогата на семејството
Домашната средина е исклучително важна во поддршката на детето во образовниот процес, но кога животот на едно дете се состои од многу од болнички посети и терапии, образованието не делува како приоритет. Важно за родителите е да се разбере дека учењето може да се случи во секое време и да се стане дел од дневните рутини. Тоа не треба да биде планирана сесија; читање книга, песна или учење низ игра може да биде многу ефективна техника за совладување на образовен материјал.
Кога детето започнува со градинка или училиште,семејството има клучна улога во размена на информации. Персоналот каде детето е инклузирано може да има потреба од дополнително објаснување или обука ако од нив се бара на пример да дадат доза на лек, или да делуваат во потенцијални итни ситуации кога здравјето на детето е компромитирано, на пример при епилептичен напад. Родителите и семејството се најважна алка при ваквите обуки на персоналот бидејки се најинволвирани во животот на детето.
Во ваквите обуки, секогаш е важно да детектирате наставник или претставник на персоналот кој има желба и знаење за да биде лидер во однос на креирање на соодветни услови и соодветна поддршка. Ваквиот лидер треба да биде детално запознаен со сите факти околу здравјето и навиките на вашето дете и сите можности кои непредвидено може да се случат во рамките на училиштето и се директно врзани со неговата состојба.
Од голема помош е и ако водите дневник за навиките и потребните активности за нега на вашето дете со цел да биде појасна сликата на оние кои треба да се грижат за вашето дете во ваше отстство. Дополнително можете да креирате и протокол за нега, и важни информации кои се врзани за состојбата и индивидуалните потреби на вашето дете и истиот да го спроведете до одговорните за вашето дете.
Доколку постојат професионалци кои се вклучени во рехабилитацијата на вашето дете, истите можете да ги вклучите во информативните состаноци со кадарот во градинката или училиштето, со цел да се пренесат стекнатите знаења околу начинот на кој учи вашето дете, сето она што е совладано како и сите препораки на кои треба понатаму да се работи. Доколку специјалните работници, и понатаму се грижат за рехабилитацијата на вашето дете, ставете ги на располагање за консултации на кадарот кој е одговорен за образованието на вашето дете, и доставете насоки во која фаза и на кој начин стручната помош може да биде искористена.
Ваквата отвореност за соработка е исклучително важна за вклучувањето на децата во рамките на сите општествени процеси. Со отвореност, искреност и соработка се создаваат многу по безбедни услови за развој на децата со посебни потреби.
Протокол за дете во училиште
Новодијагностицирани. Што потоа?
За некои родители дефинираната дијагнозата е како гром од ведро небо, за други пак спознанието дека постои јасна причина за појавените симптоми може да дојде како олеснување бидејки се дефинира причинителот на сите проблеми со кои сте соочиле како родители.
Каква и да е вашата реакцијата, таа е сосема нормална и очекувана кога се соочувате со проблем кој наполно ќе го измени вашиот живот и начин на функционирање на вашето семејство. По соочувањето потребна ви е цела низа на совети, поддршка и информации со цел да се подготвите за се она кое ви претстои во вашите индивидуални борби. Какви и да се вашите околности, вие не треба да се чувствуваат сами, ние сме тука да помогнеме. Тука можете да најдете одговори на најчесто поставуваните прашања во периодот на поставување на дијагнозата и дефинирање на проблемите кои се очекувани со истата .
Можеби ќе се прашувате:
- Дали дијагнозата е наследна?
- За прогресија на болеста
- Како ќе влијае врз вашиот живот и животот на најблиските?
Ние ги охрабруваме сите семејства кои се соочуваат со новодијагностицирани деца со посебни потреби да се поврзат со Ресурсниот Центар на Родители на деца со посебни потреби. Јавете се на нашите телефонски линии за помош од тимот за поддршка кој Ви е на располагање за да одговори на дилемите со кои ќе се соочите, како и да ви обезбеди родителска поддршка од нашата база на семејства кои веќе поминувале низ исти проблеми. Тие можат да ве поврзат со поддршка во вашиот регион и да помогнат во проценување и поставување на приоритети на потребите на дијагнозата како и креирање на соодветна стратегија за помош на вашето дете.
Обидете се да ги истражите законски услуги кои се на располагање што е можно поскоро по дијагностицирањето. Ова ќе ви помогне да го одржите квалитет на живот на најдобар можен начин.
Што би требало да направите по дијагностицирањето?
- Контактактирајте не, поврзете се со тимот за поддршка
- Дознајте за болеста
- Менаџирајте ја болеста по дијагноцтицирањето
- Дознајте за прогресијата на болеста
- Дознајте за лекување и нега
- Дознајте дали болеста е наследна
- Дознајте кои услугите се достапни
- Побарајте повеќе информации и публикации
- Најдете информации за негуватели/ медицински персонал/ терапевти…
- Пронајдете поддршка во својот регион
- Прочитајте лични искуства на другите кои живеат со истата дијагноза
- Разговарајте со некој друг кој директно или индиректно е погоден од истата дијагноза (пациент, родител, негувател..)
Нарушувања во говорот и јазични нарушувања
Нарушување на говор се однесува на проблем со вистинско производство на звуци, додека јазичните нарушувања се однесуваат на тешкотии во разбирањето или составување на зборови во тек на комуникација.
Вие како родител би требало да посветите особено внимание доколку наставникот на вашето дете изрази загриженост дека детето можеби има проблем со одредени говорни или јазични вештини. Или можеби додека зборувте со вашето дете, сте забележале повремено пелтечење.
Тогаш е мудро да се интервенира брзо и соодветно. Процена од говорно-јазичен патолог може да помогне да се утврди дали вашето дете има тешкотии. Логопедската терапија е третман за повеќето деца со говорно- јазични нарушувања.
Како да детектирам дали моето дете можеби има проблем?
Кога не е во прашање некоја основна дијагноза која вклучува и говорно- јазични нарушувања , проверката на индикации и потреба од интервенција се прави според развојните фази кај децата, поделени по возрасти. Но, на почеток можат да помогнат следниве насоки
Треба да посетите логопед доколку:
- Вие или други луѓе имаат тешкотии да го разберат говорот на вашето дете
- Ако луѓето мислат дека вашето дете е помладо отколку што е, поради начинот на кој зборува
- Ако вашето дете го задеваат или покажува фрустрација поради начинот на кој зборува
- Ако вашето дете користи помалку зборови отколку другите деца од негова возраст
- Ако вашето дете пелтечи
- Ако интеракциите на вашето дете или играта изгледа необична или несоодветна
- Ако вашето дете се мачи при читање или пишување
- Кој има дијагноза која би можела да влијае на неговиот говор или јазик, како губење на слухот, аудитивни нарушување, аутизам, Aspbergers синдром, доцнење во развојот, итн
Нарушувања во говорот вклучуваат:
- Артикулациски нарушувања: тешкотии во производство на звуци во слогови или кажување на зборови погрешно до точка да слушателот не може да разбере она што се вели
- Нарушувања на флуентност: проблеми како што се пелтечење, во кои текот на говорот е испрекинат со абнормални прекини, повторувања (пел-пел-пелтечење), или продолжување на звуци и слогови (пеееееелтечење).
- Нарушувања на резонантност или на гласот: проблеми со истрајност, волумен или квалитет на гласот што го одвлекува вниманието на слушателите од она што се зборува. Овие типови на нарушувања, исто така може да предизвикаат болка или непријатност за детето кога се зборува.
- Дисфагија / нарушувања во оралната исхрана: овие вклучуваат тешкотии со лигавење, јадење и голтање
Јазичните нарушувања може да бидат или рецептивни (приемни) или експресивни:
- Приемни нарушувања: тешкотии во разбирање или преработка на говорот
- Експресивни нарушувања: тешкотии при составување на зборови, ограничен речник или неможност да се користи говорот на општествено соодветен начин.
Рани симптоми на церебрална парализа
Детектирање на церебрална парализа
Едно дете се раѓа со церебрална парализа или може да биде повредено во најраната возраст. Постојат некои показатели на ЦП што може да се забележат рано. Лекарот може да советува тестирање за да се потврди дијагнозата
Рани показатели:
- Развојните пресвртници на нормално бебе
- Тестови што лекар може да ги побара
Најчесто се сомнева на проблеми кога детето доцни со развојните пресвртници, и тоа:
- На околу осум месеци детето не ја држи главата стабилно
- Детето може да е блиску до неговиот втор роденден и се уште не се обидува да оди
- Мускулниот тонус на телото може да биде различен. Мускулите се вкочанети или млитави
- Детето покажува предност за едната страна на телото
- Детето има невообичаено држење на телото
Напредокот на нормално бебе
Сите нормални деца не ги достигнуваат развојните пресвртници во исто темпо. Сепак следната табела ни дава почетна слика во врска со нивоата кога се очекува бебето да постигне некои пресвртници како дел од својот физички и ментален развој
Нормални активности
- 3 месеци – легнат на стомак ја исправа главата
- 4-6 месеци – гледа наназад, ги слуша, лоцира и произведува звуци, плаче кога му е непријатно, се смее кога е среќно
- 5-6 месеци – става раце и предмети во уста, седнува со поддршка
- 6 месеци – се превртува и главата му станува стабилна, префрла предмети од една во друга рака, достигнува и фаќа предмети
- 7-8 месеци – повторува едноставни зборови, се плаши од непознати, седи самостојно
- 10 месеци – сака да игра со песок и вода, ползи
- 10-12 месеци – се исправа самиот, стои самостојно
- 11-12 месеци – учи повеќе зборови, чекори задржувајќи се на предмети
- 13 месеци – чекори сам
- 15-18 месеци – јаде без помош, реди предмети во висина, сака да слуша приказни и поставува прашања
Тестови кои лекарот може да ги побара
Лекарот треба да погледне во медицинската историја на детето, вклучувајќи и детали на бременоста и раѓањето на детето. Ќе биде корисно ако водите евиденција на примени вакцини и поминати болести.
Лекарот прво проверува рефлекси на бебето. Лекарот, исто така, може да ја провери понагласена/преферирана страна на телото.
И други тестови може да бидат побарани од страна на лекарот, за да се исклучи можноста од други болести, како и да се види дали оштетениот дел може да се лоцира.
КТМ- компјутерска томографија на мозок
Електро енцефалограм (ЕЕГ)
За жал тестирањето на детето кај нас застанува со ова. Потребна е комплетна проверка на здравствената состојба за да се утврди дали постојат други пречки во развојот.
Список на симптоми - Сензорни нарушувања
Сензорни нарушувања – Листа на симптоми
Во многу дијагнози и состојби сензорните нарушувања се дел од клиничката слика, па листава може да ја користат сите родители со цел детално да побараат мислење од стручните лица околу симптомите и како да се третираат истите. Користете ја оваа листа на симптоми како водич да зборувате со вашиот лекар и професионална терапевт, со цел јасно да објасните зошто мислите дека вашето дете може да има потреба од помош.
1. Листа на можни нарушувања и нивна корелација
- Како дете не дозволувало да се држи или милува; плаче, и се обидува да се извлече
- Станува исплашено, вознемирено или агресивно при светлина или неочекуван допир
- Ставањето и менувањето пелена му е стресно
- Пројавува страв кога стои во близина на други луѓе или врсници (особено во линии)
- Станува исплашен од допир со некого или нешто што не може да го види (на пр. под ќебе)
- Не дозволува чешлање или расплеткување на косата, пребирлив за еден единствен чеше
- Му пречи груба постелина
- Избегнува групни собирања од страв од неочекуван допир
- Се противи на пријателски допир од друг човек кој не е родител или браќа/сестри (некогаш дури и на нивниот)
- Не дозволува бакнежи и се брише по бакнувањето
- Преферира прегратка
- Може на кожата да чувствува како тортура и да произведе негативни реакции од капка дожд, вода од туш, или дување на ветрот
- Може да има интензивна реакција на мали исекотини, гребење или каснувања од бубачки
- Избегнува допирање одредени текстури на материјали (ќебиња, черги, препарирани животни)
- Одбива да носи нова или тврда облека, облека со груба текстура, високо закопчување или узврат, фармерки, капи, или ремени, итн
- Избегнува користење на рацете за игра
- Избегнува/одбива / аверзивен на “неуредна игра”, на пр.- песок, кал, вода, лепак, светки, пластелин, крем за бричење, итн
- Станува вознемирен од валкани раце и често сака да ги брише или мие
- Претерано скокотлив
- Се вознемирува од набори/ шавови во чорапи и може да одбие да ги носи
- Се вознемирува од триење на кожата со облека; можеби ќе сака да носи шорцеви и кратки ракави во текот на годината, малите деца може да претпочитаат да бидат голи и постојано ги извлекуваат пелените и облеката
- Можеби ќе сака да носи долги ракави и долги панталони во текот на годината за да избегне изложеност на кожата
- Вознемирен од/за миење лице
- Вознемирен при сечење на косата, ноктите
- Противење за четкање заби и исклучителен страв од забар
- Пребирлив во јадењето, јаде само одредени вкусови и текстури; тенденција да се избегнуваат мешани текстури, како и топла или ладна храна; противење на пробувањето нова храна
- Одбива да оди бос по трева или песок
- Може да оди само на прсти
2. Хипосензитивност на допир (под нагласени):
- Може да е „жеден„ за допир, има потреба да допре сè и секого
- Не е свесен за допирот, освен ако не се употреби поголема сила или интензитет
- Не му пречи повреда, како гребење и модринки, и не покажува вознемиреност при удари (дури може да се каже дека сака да добива удари)
- Не е свесен дека рацете или лицето му се валкани, или дека му тече носот
- Може да се само-повредува; стиска, гризе, или да ја удира својата глава
- Гриза објекти претерано
- Често ги повредува другите деца или домашни миленици додека си игра со нив
- Постојано допира површини или објекти кои го смируваат (пр. ќебе)
- Бара површини и текстури кои даваат силни тактилни повратни реакции
- Целосно ужива во/и бара неуредна игра
- Копнее за вибрации или силни сензорни провокации
- Преферира и посакува прекумерно зачинета храна, слатка, кисела или солена
3. Слаба тактилна перцепција и разликување:
- Има тешкотии со фините моторни задачи како што се закопчување копчиња, патент и заврзување облека
- Не може да идентификува кој дел од неговото тело бил допрен, ако не го гледа допирот
- Може да се плаши од темница
- Може да биде неуреден во облекувањето; да изгледа неуредно, не забележува ако панталоните се извртени, кошулата е половина извадена, чевлите одврзани, една ногавица нагоре а другата е надолу, итн
- Има потешкотии да користи ножици, боички или прибор за јадење
- Продолжува да ги истражуваат со уста објектите и по две годишна возраст
- Има тешкотии во пронаоѓање на физичките карактеристики на објекти- форма, големина, текстура, температура, тежина, итн
- Не може да ги идентификува предметите според допирање, си помага со визуелна идентификација… како на пример-пипкајќи во ранец да најде нешто
Вестибуларен осет: осет од внатрешното уво за рамнотежа, гравитациони промени, искуства на движење и положбата во просторот.
Знаци на вестибуларна дисфункција:
1. Преосетливост на движење (пре- нагласени одговори):
- Избегнува / одбива опрема на игралиште; односно лулашки, скали, лизгалки или вртелешки
- Претпочита смирени задачи, се движи полека и претпазливо, избегнува преземање ризици и може да изгледа како „нашминкан”
- Избегнува/одбива лифтови и ескалатори; може да се претпочитаат да седи додека е во нив или му се лоши од нивното движење
- Може физички да се држи до возрасен на кој му верува
- Може да изгледа преплашен од паѓање дури и кога не постои реален ризик од тоа
- Се плаши од височина, па дури и од висината на тротоар или скала
- Се плаши да ја напушти земјата со нозете
- Стравува од одење нагоре или надолу по скали или одење на нерамни површини
- Се плаши да се преврти наопаку, странично или наназад; силно ќе се спротивстави на миење на коса над мијалникот
- Се сепнува ако некој друг го преместува; на пр. туркајќи го неговиот стол поблиску до маса
- Како дете можеби никогаш не сакал да биде во нишалки или џампери
- Може да биде плаши од/ или има тешкотии со возење велосипед, скокање, подрипнување, или балансирање на една нога (особено ако очите се затворени)
- Може не сакал да биде ставан на стомак како како бебе
- Губи рамнотежа лесно и може да изгледа несмасно
- Се плаши од активности кои бараат добар баланс
- Избегнува брзи или ротирачки движења
2. Хипосензитивност на движење (под-нагласени):
- Постојано се движи, изгледа како да не може да се смири/седне на едно место
- Копнее по брзи, вртечки или интензивни движења
- Сака да го фрлаат во воздух
- Би можел да се врти со часови и никогаш не изгледа дека има вртоглавица
- Сака брзи, интензивни и/или опасни возења во забавни паркови
- Секогаш скока на мебел, тобогани, се врти на вртлив стол или влегува во позиции наопаку
- Сака да се лула колку е можно повисоко и долго време
- Во потрага е по возбуди и опасности
- Секогаш трча, скока, подрипнува и др. наместо одење
- Го мрда телото, тресе нога или глава додека седи
- Сака изненадни или брзи движења, како на пример, да оди преку големи дупки со автомобил или со велосипед
3. Слаб мускулен тонус и/или координација:
- Има ослабено, млитаво тело
- Често паѓа, легнува, и/или ја навалува главата на раката додека работи на работна маса
- Тешкотии при истовремено кревање глава, раце и нозе од подот додека лежи на стомак (позиција “Супермен”)
- Често седи во позиција “W” на подот за да го стабилизира телото
- Се уморува лесно
- Компензира за “слабоста” фаќајќи објекти цврсто
- Тешкотии при вртење на клучеви, брави, рачки, отворање и затворање предмети
- Тешко самиот се прифаќа/потпомага при паѓање
- Тешкотии при облекување и врзување, закопчување на патенти и копчиња
- Може никогаш не почнал да ползи како бебе
- Има слаба свест за своето тело; се удира во нештата, ги чука нештата одново, се спрепнува и/или изгледа несмасно
- Слаби груби моторни вештини; скокање, фаќање на топка, прескокнување пречки, качување скали и др
- Слаби фини моторни вештини; потешкотии во користење на алатки како што се моливи, прибор за јадење, чешли, ножици и сл
- Може да изгледа дека користи две раце еднакво добро, често ги менува рацете за боење, сечење, пишување и др; нема воспоставено доминантна рака до 4 или 5 години
- Има тешкотии во лижење сладолед на корнет
- Се чини дека не е сигурен како да го движи телото за време на движење, на пример-излегувајќи од нешто
- Тешкотии во учење на вежби или чекори на танц
Проприоцептивен осет: вложување на мускулите и зглобовите за позиционирање на телото, тежина, притисок, истегање, движење, и промени на положбата во просторот.
Знаци на Проприоцептивна дисфункција:
1. Однесувања со потреба од сензорност:
- Бара активности со скокање, судирање и паѓање
- Силно чекори со нозете при одење
- Чука со нозете на подот или столот додека седи на маса
- Ги гризе или шмука прстите и/или често ги пука зглобовите
- Сака да биде цврсто завиткан во многу или дебели ќебиња, особено за спиење
- Претпочита облекатата (и ремени, капи, врвки за чевли) да биде што е можно поцврсто закопчана
- Сака/бара активности со стискање
- Ужива во цврсти прегратки
- Прекумерно треска на/со играчки и предмети
- Сака игри со насилност, грабање и борење
- Често паѓа на подот намерно
- Сака да скока на трамболина со саати
- Ги стиска/меле забите во текот на денот
- Сака туркање / влечење / носење на предмети
- Сака скокање на мебел или од високи места
- Често удира, бутка или турка други деца
- Џвака пенкала, сламки, ракави на кошули и др.
2. Потешкотии со проценка на движењата:
- Лошо проценува колку да ги истегне мускулите за време на активностите (на пример ставање на рацете во ракави или качување)
- Тешкотии при регулирање на притисок кога пишува/црта; може да биде премногу бледо или многу силно
- Писмената работа е неуредна и често ја кине хартија при бришење
- Секогаш изгледа како да крши предмети и играчки
- Не ја проценува тежината на објектот, како што е чаша сок, ја крева со премногу сила што прави одлевање или паѓање, или со премалку сила и се жали дека е премногу тешка
- Не може да ја разбере идејата на “тешко” или “лесно”; не е во можност да држи два предмети и да каже кој тежи повеќе
- Се чини како се да прави со премногу сила; на пр. одење, треснување врати, притискање на работите премногу силно, треснувајќи објекти
- Игра со животни со премногу сила, често повредувајќи ги
Знаци на аудитивни дисфункции (недијагностицирани проблеми со слухот):
1. Преосетливост на звуци (аудитивна одбрамбеност)
- Забележува звуци кои нормално не забележани од други луѓе; на пр.- зуењето на светилка или фрижидер, фен, греалка, или отчукување на часовник
- Страв од звукот на тоалетна шоља (особено во јавните тоалети), правосмукалка, фен, или куче што лае
- Му привлекуваат внимание гласни или неочекувани звуци
- Му пречат звуци од позадина во животната средина; на пр. косење тревник или градежни работи
- Често бара луѓето да бидат тивки; т.е., да престанат да прават бучава, зборуваат, или пеат
- Бега, плаче, и/или ги покрива ушите при силни или неочекувани звуци
- Може да одбива да оди во кино, на паради, лизгалишта, музички концерти и др
- Може да одлучи дали му се допаѓаат некои луѓе според звукот на нивниот глас
2. Хипосензитивност на звуци:
- Често не реагира на вербални знаци или ако го довикуваат по име
- Изгледа како да “прави врева, само за да биде бучно”
- Сака претерано гласна музика или ТВ
- Изгледа како да има проблеми со разбирањето или памтењето на она што е кажано
- Изгледа како несвесен за одредени звуци
- Изгледа збунето од каде доаѓа звукот
- Си зборува самиот за време на активност, често гласно
- Како бебе правел малку или никакви гласови или гугање
- Треба насоките често да му се повторуваат, или често вели: “Што?”
Знаци на Орална дисфункција:
1. Преосетливост на орален внес (Орална Одбранбеност):
- Пребирлив во јадењето, често со екстремни преференци за храна; т.е. ограничен репертоар на храна, пребирлив во врска со брендови, одбива да проба нова храна или ресторан, и може да не јаде кај другите луѓе
- Може само да сака да јаде “мека” или блендирана храна и по возраст од 24 месеци
- Може да се засркнува со поцврста храна
- Има тешкотии со цицање, жвакање и голтање; може да се загушува или има страв да не се загуши
- Се противи/одбива/исклучително се плаши да одење на стоматолог
- Mоже да јаде само топла или ладна храна
- Одбива да лиже пликоа, поштенски марки или налепници поради нивниот вкус
- Одбива или се жали од паста за заби и миење на устата
- Избегнува зачинета, лута, слатка, кисела или солена храна; претпочита бљуткава храна
2. Хипосензитивност на орален внес (не-регистрирање)
- Може да лиже, јаде или џвакање работи кои не се за јадење
- Претпочита храна со интензивен вкус, на пр. претерано зачинета, слатка, кисела, солена
- Прекумерно лигавење по фазата на избивање на заби
- Често ја џвака косате, кошулите или прстите
- Постојано става предмети во уста и по детската возраст
- Делува како секоја храна да му има ист вкус
- Не му се никогаш доволно мирудии или зачини во храната
- Обожува вибрирачки четки за заби, па дури и одењето на забар
Знаци на миризливи дисфункција (мирис):
1. Преосетливост на мирис (пренагласени):
- Реагира негативно, или не му се допаѓаат мириси кои обично не им сметаат или не ги забележуваат другите луѓе
- Им кажува на другите луѓе (или зборува за тоа) колку лошо или смешно мирисаат
- Одбива да јаде одредени видови храна, заради нивниот мирис
- Го одбива и/или е згнасен од мириси во бања или од мириси на лична хигиена
- Му пречи/го иритира мирисот на парфем или колонска вода
- Му пречат мириси во домаќинството или од готвење
- Може да одбива да игра во нечија куќа поради мирисот внатре
- Проценува дали сака некого или некое место од начинот на кој мириса
2 Хипосензитивност на мирис (Поднагласени).:
- Има тешкотии со одбегнување на непријатните миризби
- Може да испие или изеде работи кои се отровни, бидејќи не го забележува штетниот мирис
- Не може да идентификува мириси од миризливи налепници
- Не ги забележува мирисите на кои другите обично се жалат
- Не ги забележува или игнорира непријатните миризби
- Прекумерно ги мириса кога ги спознава работите, луѓе или места
- Користи мирис за да комуницира со објекти
Знаци на визуелна дисфункција (недијагностициран визуелен недостаток):
1. Преосетливост на визуелни стимулации (пренагласени)
- Чувствителност на јаки светла; замижување, покривање на очи, плаче и/или добива главоболки од светлина
- Има тешкотии со одржување на фокус со очите на задачата/активност што ја работи соодветно долго време
- Лесно му се одзема/врти вниманието со други визуелни стимулации во собата; на пр. движење, украси, играчки, прозорци, врати итн
- Има тешкотии во светли шарени соби или слабо осветлена соба
- Ги трие очите, има насолзени очи или добива главоболки по читање или гледање ТВ
- Избегнува контакт со очите
- Ужива играјќи во темница
2. Хипосензитивност на визуелни стимулации (поднагласени или тешкотии со следење, занемарување или перцепција):
- Има тешкотии да направи разликата помеѓу слични печатени букви или бројки; на пр. Т & Г, Ш & М, + и X, или коцка и правоаголник
- Има потешкотии при гледањето на “големата слика”; односно, се фокусира на детали или модели во рамките на сликата
- Има тешкотии во лоцирање на предмет меѓу другите предмети; на пр., документи на маса, облека во фиока, намирници на полица или играчки во кутија
- Често го губи местото при препишување од книга или табла
- Тешкотии при контролирањето на очите за пратење на објекти кои се движат
- Има тешкотии да направи разлика помеѓу различни бои, форми и големини
- Често го губи местото при читање или решавање на математички задачи
- Ги превртува зборовите или буквите при препишување, или чита зборови наназад; на пр.- “де” за “не” и “сака” за “рака”… после прво одделение
- Се жали на “гледање двојно”
- Потешкотии во наоѓање на разлики во слики, зборови, симболи, или предмети
- Тешкотии со доследност во проред и големина на буквите во текот на пишувањето и/или нижење на броеви во математички задачи
- Тешкотии со сложувалки, прецртување на форми, и сечење/трасирањето по должина на линијата
- Има тенденција на пишување накосо (нагоре или надолу) на страница
- Ги меша страните- лево и десно
- Се заморува лесно со училишните задачи
- Тешкотии во проценување на просторни односи во животната средина; на пр.-се чукнува во предмети/луѓе или пропушта чекори на тротоари и скали
Аудитивни-јазично просесивни дисфункции:
- Неможност да го лоцира изворот на звук
- Тешкотии при идентификување гласови на луѓето
- Тешкотии во разликување помеѓу звуци/зборови; т.е., “одам” и “одат”
- Тешкотии во филтрирање на другите звуци додека се обидува да обрне внимание на зборувањето на едно лице
- Му пречат гласни, изненадни, метални или пискави звуци
- Тешкотии да следи, разбере и запамти се она што е кажано или прочитано; често бара насоките да му се повторат и може да разбере или следи две последователни насоки во исто време
- Гледа во другите за да се осигура пред да одговори
- Тешкотии во преточувањето на идеи во зборови (писмена или вербална)
- Често зборува “надвор од темата”
- Ако не сфатен, има тешкотии со парафразирање; може да се фрустрира, лути, и да се откаже
- Тешкотии со читање, особено на глас (исто така може да биде со дислексија)
- Тешкотии со артикулација и јасно зборување
- Способноста за зборување често се подобрува по интензивни движења
Социјална, емоционална, забавна и саморегулациска дисфункција:
1. Социјални:
- Тешкотии во дружење со врсници
- Преферира да игра сам со предмети или играчки отколку со луѓе
- Не комуницира со иста мерка со врсниците или возрасни; тешко прави “значаен” двонасочен разговор
- Само-повредлив или повредлив за другите
- Другите имаат тешкотии во толкување на неговите знаци, потреби, или емоции
- Не бара релации со блиски/познати луѓе
2. Емоционални:
- Потешкотии со прифаќање на промени во рутината (до точка на бес)
- Станува лесно фрустриран
- Често импулсивен
- Функционира најдобро во мала група или поединечно
- Променлив и брз во менување на расположението; склон кон испади и бес
- Преферира да игра надвор, далеку од групи или само да биде набљудувач
- Избегнува контакт со очите
- Тешкотии во соодветно изразување на потребите
3. Игра:
- Тешкотии со имитативна игра (над 10 месеци)
- Скита бесцелно без намерна игра или истражување (над 15 месеци)
- Има потреба од насоки на возрасни за да игра, тешкотии во самостојна, независна игра (над 18 месеци)
- Учествува во повторувачки игра со часови; на пр.- редење автомобили, блокови, гледајќи еден филм одново и одново и др
4. Саморегулација:
- Прекумерна раздразливост, плачливост или болки како бебе
- Не може да се смири со цуцла, мек објект, или родител/негувател
- Не може да се разбуди без да е вознемирен/раздразлив
- Бара прекумерна помош од родител за да заспие; на пр.- чешкање на грбот или главата, лулкање, долги прошетки или возење со автомобил
5. Внатрешна регулација (интроспективни чувства):
- Му станува премногу жешко или студено порано од другите во истата средина; може никогаш да не изгледа смрзато/вжештено, не е во можност да ја одржи телесната температура ефикасно
- Тешкотии во екстремни температури или премин од една крајност во друга (на пример- зима, лето, преоѓање од климатизација надвор на топлина, од загреана куќата надвор на ладно)
- Дишење што е премногу брзо, премногу бавно, или не може лесно да менува од едно на друго, како што бара телото соодветен респираторен одговор
- Пулс на срце кој се забрзува или успорува премногу брзо или премногу бавно према потребните параметри
- Дишењето и отчукувањата на срцето трае подолго од она што се очекува да се забави за време или после напор или страв
- Силни/повеќе промени во расположението во текот на денот (од лутина до среќа во кратки периоди, можеби без видлива причина)
- Непредвидлива состојба на возбуда или неможноста да се контролира нивото на возбуда (од хипервозбуда до летаргија, менување на двете; од престимулиран до подстимулиран во неколку часа или во денот, во зависност од активноста и амбиентот, итн)
- Чест запек или пролив, или комбинирано, во текот на ист ден или во текот на неколку дена
- Тешкотии со одвикнување од пелени; се чини дека не знае кога треба да оди во тоалет (на пример, не ја чувствуваат неопходната сензација дека цревата или мочниот меур се полни
- Не може да регулира жед; секогаш е жеден или никогаш не е жеден, или осцилира
- Не може да регулира глад; јаде цело време, не јаде воопшто, не можејќи да се чувствува сит/гладен
- Не можност за регулирање на апетитот; има малку или никаков апетит и/или ќе биде “прегладнет” една минута, а потоа по две залчиња- сит/прејаден и потоа назад до “прегладнет” повторно (склони кон нарушувања во исхраната и/или ненапредување)