Во 2010 година, УНИЦЕФ идентификуваше национална група на родители кои беа обучени од страна на Pacer, кој е ресурсен центар на родители со седиште во САД, со цел да се креира една нова родителска организација. Ваквата родителска организација со развиени капацитети ќе има за задача да се наметне како фактор кој ќе допринесе за социјална мобилизација и допир до родителите на маргинализираните деца, како и обезбедување финансиски средства за етаблирање и функционирање на ресурсен центар на родители во земјава.

Ресурсниот центар за родители на деца со посебни потреби е инициран, формиран и воден од родители на деца со посебни потреби, а е замислен како национален родителски сервис кој ќе служи на други родители и нивните деца со посебни потреби кои имаат потреба од некаква поддршка во нивните лични борби. Ресурсниот центар на родители, е замислен да биде првата референтна точка за родители на деца со посебни потреби, и ќе нуди основни совети и обуки околу секојдневното функционирање на детето и семејството. Ресурсниот центар на родители ќе им служи на родителите и семејствата на децата со сите видови на пречки: учење, физички, емоционални, интелектуална оштетувања. Ние обезбедуваме информации, обука и други форми на поддршка за семејствата на децата и младите со пречки во развојот. Имаме цел да се воспостави една родителска организација која ќе ги обедини сите релевантни организации во Македонија кои работат за подобрување на условите на децата и лицата со посебни потреби. Ние веруваме дека само со заеднички сили нашиот глас ќе биде многу посилен.

Мисијата на ресурсниот центар на родители е да им служи на сите деца со посебни потреби и нивните семејства преку обезбедување на поддршка, помош, пристап до информации, обезбедување на остварување на нивните права и овластувања во сите сегменти на животот и успешна социјална инклузија, како и подигање на јавната свест и одговорност.

Нашите цели се:

  • Да се обезбеди пристап до систематизирани информации на локалните јазици на родителите на децата со посебни потреби;
  • Да се организираат обуки за наставниците, лекарите и родителите на децата со посебни потреби;
  • Да се организираат обуки и помош на родителите во системите за застапување на потребите на нивните деца;
  • Да се обезбеди психолошка помош и обуки за само-помош на родителите на децата со посебни потреби;
  • Да се обезбеди поширок пристап до третмани за деца со посебни потреби;
  • Да се залагаме за социјална инклузија;
  • Да се подигне јавната свест во однос на прашањето на деца со посебни потреби;
  • Да соработува со слични организации;
  • Да се промовираат принципите на сеопфатна (сите пречки) и сите достапни;
  • Да се подобри квалитетот на животот на децата со посебни потреби и нивните семејства.