Кампања СО ПОЧИТ!

Во периодот од Октомври – Декември 2016 година, Ресурсниот Центар, како дел од капањата СО ПОЧИТ! во неколку градови на Македонија (Битола, Струмица, Гостивар, Крива Паланка, Велес, Валандово итн.) со делење на флаери ги потсетуваше јавните лица да внимаваат на своето изразување, особено во текот на кампањите кои ги имаа политичките партии. Им се обративме […]

Во периодот од Октомври – Декември 2016 година, Ресурсниот Центар, како дел од капањата СО ПОЧИТ! во неколку градови на Македонија (Битола, Струмица, Гостивар, Крива Паланка, Велес, Валандово итн.) со делење на флаери ги потсетуваше јавните лица да внимаваат на своето изразување, особено во текот на кампањите кои ги имаа политичките партии.
Им се обративме на нашите сограѓани, особено на младите и лицата кои се занимаваат со јавна работа дека се должни да внимаваат на своето изразување при јавни настапи и излагања. Да внимаваат какви зборови ќе употребуваат и какви споредби ќе прават, со оглед на тоа што директно учествуваат во формирањето на јавната свест на едно општество во кое потполно еднакво припаѓаат и лицата со било каква попреченост и нивните семејства.