Маја Лазаревска-Родител на дете со церебрална парализа

 

Maja Lazarevska

Соодветно време за контакт: Секој работен ден од 13 до 20 часот

Порака за Родители: Сите ние мечтаеме за моментот кога ќе станеме родители, имаме визија за тоа какви родители ќе бидеме, за моментите со нашето семејство… Кога се раѓа дете со посебни потреби во едно семејство, таа визија добива сосема друга димензија, се испревртува и имаме чувство дека сме ја изгубиле контролата над животот. Нашите визии и соништа се заменуваат со една друга реалност, посурова и потешка, во еден свет кој не е скроен за едно дете кое има потешкотии во развојот. Често во ваквите моменти знаме да се заглавиме во лутина за неправдата пред која сме исправени, бесни за животот кој не сме го очекувале. Но имаме избор! Можеме да стоиме во едно несреќно место опседнати со се што неможе нашето дете, или да ги земеме работите во своите раце и да се препуштиме на убавините кои овој живот ги носи. Да се радуваме на секој негов успех, на секоја негова победа. Можеме да избереме да останеме заглавени во мислите зошто тоа нам ни се случува, или да тргнеме на едно патување кое сигурно покрај товарот со кој доаѓа, ќе биде исполнето и со многу среќни мигови. Децата со посебни потреби се само деца кои на поинаков начин можат се, наша должност е да направиме да бидат среќни, ден по ден низ годините кои ни доаѓаат.

Деница Велковска- Родител на дете со Спинална Мускулна Атрофија тип2- Скопје

 

Mirceska Daniela

Соодветно време за контакт: Работен ден, од 9 до 16 ч

Порака до родители: Родителите меѓусебно можат да бидат најсилната поддршка на трнливиот пат на растење дете со посебни потреби. Би сакала да помогнам со совет или насока, идеа или само разговор на родители на кои тоа им е потребно, бидејќи од лично искуство знам колкава е вредноста на овој вид помош.

Стојановска Сузана- Родител на дете со Даун синдром- Скопје

 

Stojanovska Suzana

Соодветно време за контакт: Секој ден, 24 ч

Порака до родители: Нека Ве води мислата што се Вашето дете може и знае да направи.

Снежана Матовска- Родител на дете со Даун синдром- Скопје

 

Snezana Matovska

Соодветно време за контакт:Секој ден, од 8 до 20 ч

Порака до родители: И лицата со Даун синдром и сакаат и можат, само треба да им дадеме шанса и подршка. Со наша помош и наше ангажирање тие можат да постигнат многу. Истото со целосна одговорност го потврдувам со своето лично искуство со моето момче со Даун синдром. Секако некој може повеќе, некој помалку, но зарем не е така со сите луѓе.

Анита Зафировска Ангелевска- Родител на дете со развојна дисфазија- Скопје

 

Anita Zafirovska Angelevska

Соодветно време за контакт: Понедлник-петок 18-21 часот,сабота 16-21 часот

Порака до родители: Почитувани родители, вие треба да им бидете најголема поддршка на вашите деца. Ни во најтешките моменти не потклекнувајте. Детето најсигурно, најбезбедно и најслободно се чувствува покрај своето семејство, па од тука може да се заклучи дека семејната поддршка е основа или темел за совладување на сите вештини и надградба на веќе стекнатите знаења. Основно е родителите и семејството воопшто да се соочат со проблемот на детето. Kолку побрзо тоа ќе го сторат толку повеќе време ќе имаат да помогнат на детето во совладување на вештините. Секогаш бидете горди на своите деца, тие се единствени и тоа го заслужуваат. Бидете упорни и работете со нив.

Оливера Савеска- Родител на дете со Церебрална парализа- Скопје, Аеродром

 

Olivera Saveska

Соодветно време за контакт: по договор

Порака до родители: за најмилите да се потрудиме и да истраеме во секојдневната борба со бирократијата, менталитетот, свеста и совеста на луѓето.

Мирческа Даниела- Родител на дете со Аутизам- Скопје

 

Соодветно време за контакт: 16-21 часот

Порака до родители: Најголемиот кошмар за секој родител е битката за здравјето на неговото дете. Тука средствата не се бираат, авторитетите престануваат да постојат и границите се поместуваат надвор од секое човечко разбирање. Болеста не бира, не се најавува и најверојатно никогаш нема да бидеме спремни за дијагноза. Најважно е да се прифати ситуацијата и трезвено да се најде начин да се справиме со неа. Во тој процес страдаат личните интереси, социјалниот живот, семејната состојба, финасиите.. Никогаш нема да биде лесно да се најде вистинскиот пат, вистинскиот лек, соодветен лекар. Не се откажувајте никогаш!!!

Зорица Секулик- Родител на дете со Аутизам- Скопје

 

Zorica Sekulik

Соодветно време за контакт: Во секое време

Порака до родители: УТРЕ Е НОВ ДЕН