Потпишани нови Меморандуми на соработка Април – Јуни, 2015 година

Поаѓајќи од заедничката база и потреба на сите здруженија кои работат со иста цел – да го подобрат квалитетот на животот на децата и лицата со посебни потреби, Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби во периодот Април – Јуни, 2015 потпиша Меморандуми на соработка со шест здруженија: Здружение на лица со посебни […]

Поаѓајќи од заедничката база и потреба на сите здруженија кои работат со иста цел – да го подобрат квалитетот на животот на децата и лицата со посебни потреби, Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби во периодот Април – Јуни, 2015 потпиша Меморандуми на соработка со шест здруженија: Здружение на лица со посебни потреби ЕМАНУИЛ ПЛУС (Битола), Здружение на граѓани за ица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во РМ – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА (Прилеп), АЈНШТАЈН – Здружение за дислексија (Скопје), ХЕНДИКЕП ПЛУС (Крива Паланка), ЦЕНТАР ЗА ДАУНОВ СИНДРОМ (Скопје) и ПОЛИО ПЛУС (Скопје).

Меморандумите на соработка ќе овозможат поголема ефикасност во реализацијата на нашите заеднички цели, оптимализација на индивидуалните и заедничките активности и легитимноста во барањата адресирани до релевантните институции.

Соработката меѓу здруженијата и потребата од меѓусебно вмрежување доаѓа како резултат на созреаноста на индивидуалци и организации (на локално и државно ниво) кои се заинтересирани и засегнати од оваа проблематика, и кои треба заеднички ја креираат приоритетната листа на потребите на сите деца со посебни потреби.

Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби