Промотивен настан – Гевгелија

Во рамките на тековниот проект кој Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби го реализира во соработка со УНИЦЕФ, на 06.06.2015 година во просториите на Хотел Аполонија одржа промотивен настан во Гевгелија. На настанот беше презентирана досегашната работа на Ресурсниот Центар, нејзината стратегија, идните насоки и цели. Замислен како национален сервис кој нуди […]

Во рамките на тековниот проект кој Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби го реализира во соработка со УНИЦЕФ, на 06.06.2015 година во просториите на Хотел Аполонија одржа промотивен настан во Гевгелија.

На настанот беше презентирана досегашната работа на Ресурсниот Центар, нејзината стратегија, идните насоки и цели. Замислен како национален сервис кој нуди основни совети и насоки на сите родители на децата со посебни потреби околу секојдневното функционирање на детето и семејството, Ресурсниот Центар ги претстави својата идеја да ги обедини сите институции, организации и поедници со една едниствена цел: квалитативно да го подобри животот на децата со посебни потреби и нивните семејства.

На настанот беа поканети и присуствуваа родители на деца со посебни потреби, дефектолози, претставници од здравствените установи, претставници на Мировниот Корпус, како и претставници од Фондацијата Аполонија. Дискусијата и целиот настан поминаа во пријатн аатмосфера со разменување на информации и искуства корисни и за Ресурсниот Центар и за присутните родители и професионалци.

Истиот ден, на покана на Алијансата на лицата со посебни потреби, нашиот Регионален Координатор присуствуваше на нивниот редовен состанок на кој поблиску се запозна со ќленовите, со начинот на работа, со целите, тековните и планираните активности на Алијансата во тој регион.

Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби