Одржана првата психолошко-едукативна работилница за семејства со ро децата со посебни потреби и сиблинзи.
Од 22 до 24 Март, 2019 год. во Хотел Бисер, с.Калишта, Струга се одржа првата психолошко-едукативна работилница за семејства со ро децата со посебни потреби и сиблинзи за вкупно 67 учесници (12 семејства). Настанот го помогнаа и 8 волонтери од ПСУ Алгоритам Центар Скопје, Драган Даскаловски од Училница Даскаловски и Јованка Симоновска, одделенски наставник во ОУ Владо Тасевски
Им благодариме на сите гости, а особено на Фондација Отворено општетсво Македонија (ФОСМ) кои ја овозможија оваа психолошка поддршка.
На сите оние кои беа дел од настанот им благодариме на присуството и довербата. Особено им благодариме на ВОЛОНТЕРИТЕ од ПСУ Алгоритам Центар – Скопје кои одвоија време да ни помогнат нас, на семејствата и најважно од се – на децата со попреченост на кои им го разубавија овој викенд.
На оние за кои не успеавме да обезбедиме место, им се извинуваме и ги покануваме на нашите наредни работилници.