Одржана третата психолошко-едукативна работилница за родителите на децата со посебни потреби
Од 03 до 05 Март, 2017 год. во Хотел Цар Самуил, Банско се одржа третата психолошко-едукативна работилница за родителите на децата со посебни потреби за 77 учесници. Настанот беше дел од тековниот проект, кој Ресурсниот Центар го спроведува заедно со УНИЦЕФ. Работилниците ги водеше Проф.Д-р Диана Белевска. Свое излагање имаше и м-р Горан Саневски дипл.фт. Останати гости на работилниците беа и Маја Атанасова од Асоцијација на Млади Правници на Македонија, Јованка Симоновска, одделенски наставник во ОУ Владо Тасевски, како и Дамјан Николовски од Здружение за дислексија Ајнштајн. И за оваа, како и за претходните работилници, реакциите на родителите се одлични од сите учесници и гости.
Им благодариме на УНИЦЕФ за можноста да организираме ваков настан, како и за постојаната поддршка во нашите секојдневни борби.
На сите оние кои беа дел од настанот им благодариме на присуството и довербата.На оние за кои не успеавме да обезбедиме место, им се извинуваме и ги покануваме на нашите наредни работилници.