Што значи оштетен слух?
Слухот претставува важна функција на човечкиот организам со чија помош човекот распознава се околу себе. Слухот и говор како функции се директно поврзани, од каде за еден човек да има нормално развиен артикулиран говор мора да има и развиено сетило за слух. Доколку некој човек се одликува со одреден степен на оштетен слух или се работи за глувост,се јавува и одредено оштетување и во артикулацијата или говорот комплетно отсуствува.
Дали постои лек за оштетен слух?
Во зависност од степенот на оштетен слух и органогенезата на проблемот постојат методи рехабилитациски техники, оперативни захвати и помагала кои можат да овозможат на лицето со оштетен слух да ја подобри својта слушна перцепција. По одредувањето на видот на помагалото и подобрувањето на слушната перцепција се преоѓа кон рехабилитација на гласот и со тоа се подобрува општата состојба кај лицето со оштетен слух.
Знаковен јазик
Основна специфична карактеристика на глувите лица и нивната култура е користењето на знаковниот јазик како основно природно средство за комуникација и меѓусебно општење.
Говорот со знаковен јазик е намерно свесно изразување на внатрешната состојба или секој вид на изразување на мисли со цел да меѓусебно се разберат корисниците на знаковниот јазик преку специфично изграден јазичен систем на движења и поставеност на рацете.
ЗНАКОВЕН ЈАЗИК е систем на условно договорени движења на рацете проследени со мимика и говор на телото, кое имаат свое одредено значење.
Раката е основно средство кое се користи при комуникацијата со знаковен јазик. Знаците се претставени во одредено движење и одредена поставеност на раката или двете раце.
Но не било кое движење на раката има значење. Значењето на знакот е одреден во оние основни елементи на кои треба да се внимава:
- • поставеност на раката-поставеност на прстите од раката или двете раце
- • движење на раката или двете раце
- • позиција-локација на знакот во знаковниот простор
- • ориентација на дланката на раката
Постојат и дополнителни елементи на знакот кои ја овоможуваат комуникацијата на знаковен јазик да биде поефикасна и поразбилива и за говорникот и за соговорникот. При говорење на знаковен јазик се користат и движат останатите делови на телото за да знаците добијат појасна презентација на значењето на поимот кои го претставуваат.Такви немануелни делови на знаците се:
- • движење на главата
- • фацијална експресија
- • движење на устата
- • движење на телото