razvojna dizfazijaРазвојна дисфазија (успорен говорен јазик) е пореметување на способноста да се разбере, формира и изрази јазичката мисла. Говорната способност на детето е под очекуваното ниво за неговата ментална и хронолошка возраст.

  • Успорен развој на говорот- се однесува на периодот кога говорот е се уште во неговиот развој (3-4 години)
  • Недоволно развиен говор – се однесува на деца кои имаат полни 6-7 години , но нивниот говор е појмовно сиромашен, речениците се кратки и аграматични.

Децата го разбираат говорот на другите, но користат реченици кои не одговараат на нивната хронолошка возраст.

Работна терапија обично вклучува:

Карактеристики на успорен говорен развој:

  • Сиромашен речник
  • Скратување на повеќесложните зборови на почетен или завршен слог
  • Заменување на гласови и цели слогови во зборот
  • Реченицата е кратка и аграматична, нема: сврзници, помошни глаголи, предлози, прилози, придавки
  • Не разликува род, број, не користи време во реченицата

Третман на децата со развојна дисфазија:

Третманот кај овие деца мора да биде долготраен и комплексен. Тој мора да ги опфаќа сите сегменти на говорот:

  • збогатување на речникот
  • Комбинирање на зборовите во реченици
  • Корекција на дислаличните гласови
  • Вежби за употреба на: сврзници, предлози, прилози, временски и просторни односи.
  • Вежби за визуелна перцепција и воочување на сличности и разлики

Како да го стимулирате своето дете со успорен говорен развој?

  • Разговарајте со своето дете – многу е важно се што гледа и допира детето да се претвори во збор: именувајте ги луѓето, животните и нивните звукови (ономатопеи) , предметите, опишувајте го она што детето го работи, како се чувствува, рецитирајте му ритмички детски песнички…
  • Читајте и драматизирајте ги приказните – читањето треба да биде забавно, преку него детето да усвојува навики и позитивен став. Додека читате поставувајте му прашања: ”Кој е тоа?,, и сл. Нека ја доврши вашата реченица…
  • Стимулирајте го – да биде активно – Почитувајте ја детската иницијатива, потреба, неговите интереси. Одстранете ги предметите кои го фрустрираат.
  • Имитирајте – искористете го секој момент за имитирање на звукови на луѓе, животни, музички инструменти и апарати. На тој начин детето ќе научи да прави разлика помеѓу различните звукови и гласови. Додека имитира детето го запознава светот околу себе.
  • Нека ви помага во вршењето на домашните работи – На тој начин ќе научи за мокро, меко, ладно, топло… Самостојно нека ги закопчува копчињата со што ја стимулира моториката на прстите, а тоа е значајно за развој на графомоториката.
  • Комуницирајте со детето – не само со зборови,туку и со гестови,користете мимика на лицето и телото. Покажувајте му најразлични емоции: бидете тажни, разочарани, лути, весели, среќни…
  • Поклонете му го целото ваше внимание – Кога комуницирате со детето седнете на подот или легнете до него така ќе бидете поинтимни.

Вашето внимание, присутност и поттик му се најпотребни на вашето дете!