Лицата со посебни потреби имаат посебни услуги достапни преку ЈСП СКОПЈЕ. Јавното претпријатие располага со нископоден автобус и минибус за превоз на лица со посебни потреби. Нивното користење се регулира со посебен договор со градот Скопје и Здружението на студенти и младинци Скопје, а се користи за превоз на ст удентите и учениците со посебни потреби од дома до училиште и обратно.
Оваа дејност ЈСП СКОПЈЕ – Скопје ја врши преку посебно Одделение за договорен превоз кое можете да го контактирате на бесплатната телефонска линија 0800 15 115, како и:
- телефон/факс: 02-3174-952; 072 304 045; Понеделник до Петок – од 7 – 15 часот
- факс: 02-3174 260;
- e-mail: slobodenprevoz@jsp.com.mk