Лицата со посебни потреби со признато оштетување, односно дистрофија, дијализа, церебрална парализа, параплегија, детска парализа (полиомиелитис), мултиплекс склероза и ампутација на рака или нога со признато оштетување од 80%, предвидени со Член 108 Точка 8 од Законот за јавни патишта (“Службен весник на Р.М.” број 26/96;40/99;96/00;29/02;68/04;31/06) се стекнуваат со бесплатна Картичката за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Претпријатието, (член 6 од Одлуката за утврдување на Ценовникот на Ј.П. Градски паркинг- Скопје). На јавните паркинзи низ Р.М постојат обележани паркинг места кои се со соодветни позиции кои овозможуваат полесен пристап на инвалидизираните лица. Тие се секогаш обележани и по закон треба да се користат исклучиво од инвалидизирани лица или нивните родители/старатели кои управуваат со возилото со кое се транспортира лицето со посебни потреби. Паркинг картите важат исто така и за катните гаражи управувани од ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ГРАДСКИ ПАРКИНГ Скопје. Со цел да инвалидизираните лица да имаат можност бесплатно да се паркираат а воедно да имаат и најлесен пристап до излезот се обезбедува бесплатна паркинг карта (налепница) која овозможува користење на ваквите поволности. Со цел да станете корисник на Паркинг карти за категории-Лица со посебни потреби потребно е да се обратите во претпријатијата кои стопанисуваат со паркинзите и катните гаражи да ви издадат соодветна налепница. Потребни документи за добивање на повластена карта за паркирање на лица со посебни потреби треба да ја поседувате следната документација

КАТЕГОРИЈА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

  • Важечка лична карта- на увид
  • Сообраќајна дозвола
  • Фотокопија од Решение за степен на инвалидитет издадено од надлежен орган (на увид)
  • Потврда од лекар
  • Членска книшка од здружение за телесно инвалидизирани лица

Линк www.gradskiparking.com.mk

Повластена Паркинг Карта на лица со посебни потреби на територија на О. Центар

Повластена Паркинг Карта на лица со посебни потреби на територија на О. Центар

Јавното претпријатие Паркинзи Општина Центар вршејќи ја основната дејност за која е основано, постојано утврдува и изнаоѓа нови и ги усовршува постојните услуги следејќи ги современите европски и светски трендови и практики на давање на услуги за користење на јавни паркиралишта. Во рамките на своите правилници за користење на паркинзите менаџирани од страна на ПОЦ , постои повластена карта за инвалидизирани лица кои живеат на територијата на О. Центар. Инвалидизираните лица имаат право на бесплатно паркирање во сите зони со издадена специјална налепница. За да станете корисник на повластената паркинг карта за лица со посебни потреби треба да се обратите до ПОЦ и да ги доставите следните документи

  • Важечка Л.Карта со адреса во О.Центар доколку сте жител на О.Центар
  • Наод и мислење на степенот на ивалидност
  • Сообраќајна дозвола на возилото кое се користи од страна на инвалидизирано лице или неговиот родител/старател

Сите документи ги доставувате во Јавното претпријатие со унифицирано барање, и ПОЦ издава карта која има рок на важност 1 година. По истекот на барањето истото треба да го обновите.

Информацијата е преземена од официјална страница на ПОЦ

www.poc.com.mk