Услугата Помош и нега во домот овозможува квалитетна, професионална и достапна помош и поддршка од страна на обучени негуватели за корисниците да ја вратат, стекнат или одржат способноста самите да се грижат за себе, да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат поквалитетен живот во заедницата. Услугата помош и нега во домот е резгулирана со Правилник изготвен од МТСП и оваа услуга може да ја даваат само организации кои стекнале лиценца. Нашето здружение доби лиценца во мај 2023 и ја дава услугата во општините Битола, Велес и Св. Николе, Гостивар и Тетово, Скопје. Корисници на услугата помош и нега во домот се лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица и лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе.
Со воведувањето на услугата – Помош и нега во домот, се обезбедува помош во вршење на:
основни активности од секојдневниот живот се – одржување лична хигиена, облекување, мобилност во домот, хранење, користење тоалет и менување пелени.
инструментални активности од секојдневниот живот – поддршка при одржување хигиена во домот, перење, готвење, пазарење, земање медицинска терапија.
За повеќе информации обратете се во нашите канцелари во Скопје, Битола, Велес и Гостивар и на телефонските броеви:
+ 389 75 407 414 Скопје
+389 78 449 853 Битола
+389 71 236 635 Гостивар
+389 70 303 038 Велес