Волонтерите претставуваат една важна алка во инклузија на лицата со посебни потреби во рамките на сите општествено социјални процеси. Лицата со посебни потреби имаат потреба од различна поддршка во текот на својот живот, таа поддршка не секогаш е врзана само со негата. Лицата со посебни потреби имаат исти емотивни и социјални потреби, но често се зависни од помош со цел да ги остварат. Од таа причина Ресурсниот Центар на Родители на деца со посебни потреби, Ве охрабрува да се вклучите и волонтерски да помогнете нашите деца, да имаат што побогат живот. Профилот на волонтери може да биде најразличен. Доколку на било кој начин можете да придонесете во социјално-општествената инклузија на децата и лицата со посебни потреби пријавете се во нашиот Ресурсен Центар. Волонтерите може да организираат дружба со деца со посебни потреби, да помогнат на семејство да ги завршат различни медицински прегледи, да помогнат при транспорт, при социјални активности, медицински лица може да бидат поддршка за нега, образовен кадар може да помогне во инклузијата во училиштата, помошта е добредојдена и неопходна во секоја форма. Децата со посебни потреби можат се, но на различен начин и со помош, за таа цел потребна ни е армија од волонтери кои своето време ќе го вложат со цел децата со посебни потреби да ги остварат своите права.

Доколку имате желба да станете волонтер на Ресурсниот Центар на Родители на деца со посебни потреби, пријавете се секој ден од 9-16 часот на телефонскиот број 078 449 852, или на нашиот емаил resursen.centar@yahoo.com

Доколку сакате можете да не посетите во нашите простории на улица Васко Карангелески, бр 33, населба Аеродром- Скопје. Канцеларијата е отворена секој работен ден.