Одржана првата психолошко-едукативна работилница за родителите на децата со посебни потреби
На 30,31.10 и 01.11.2015 год. во Михајлово, Кавадарци за првпат во Македонија се одржа психолошко-едукативна работилница за родителите на децата со посебни потреби. Настанот беше дел од тековниот проект, кој Ресурсниот Центар го спроведува заедно со УНИЦЕФ. Работилниците ги водеа Проф.Д-р Диана Белевска и м-р Маја Лутовска Ристеска. Реакциите по завршувањето на кампот се одлични од сите учесници и гости.
Им благодариме на УНИЦЕФ за можноста да организираме ваков настан, како и за постојаната поддршка во нашите секојдневни борби.
На сите оние кои беа дел од настанот им благодариме на присуството и довербата, а на оние родители, за кои не успеавме да најдеме место (заради капацитетот на работниот дел од програмата) им се извинуваме и ветуваме дека ќе се обидеме во блиска иднина повторно да се дружиме на овој начин.