Промотивен настан – Аутизам Марко Поло од Битола

ПОКАНА Здружението „ Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби„ има чест и задоволство да Ве покани на Промотивниот настан кој ќе се одржи во Петок, 05.12.2014г. во Хотел Милениум (Широк сокак)- Битола, со почеток во 17ч во соработка со здружението на родители на деца со Аутизам Марко Поло од Битола Ресурсниот Центар […]

ПОКАНА

Здружението „ Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби„ има чест и задоволство да Ве покани на Промотивниот настан кој ќе се одржи во Петок, 05.12.2014г. во Хотел Милениум (Широк сокак)- Битола, со почеток во 17ч во соработка со здружението на родители на деца со Аутизам Марко Поло од Битола

Ресурсниот Центар е замислен како национален родителски сервис кој ќе служи на други родители и нивните деца со посебни потреби кои имаат потреба од некаква поддршка во нивните лични борби. Ресурсниот центар на родители, е креиран со цел да биде првата референтна точка за родители на деца со посебни потреби и ќе нуди основни совети и обуки околу секојдневното функционирање на детето и семејството,со посебен акцент на новодијагностицираните семејства. На овој промотивен настан ќе се претстави Ресурсниот Центар со неговата досегашна работа како и идните насоки и идеи.

На настанот учество ќе земат претставници на Ресурсниот Центар, кои и самите се родители на деца со посебни потреби, претставник од УНИЦЕФ ,претставници од здружението на родители на деца со аутизам Марко Поло-Битола, како и секој заинтересиран присутен гостин.

Се надеваме дека ќе ја збогатите овoј промотивен настан со Вашето присуство.

Проектот и настанот е поддржан од страна на УНИЦЕФ

Ресурсен Центар на родители
на деца со посебни потреби