Промотивен настан – Вера Струмица

ПОКАНА Здружението „ Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби„ има чест и задоволство да Ве покани на Промотивниот настан кој ќе се одржи во Сабота, 06.12.2014г. во Домот на АРМ- Струмица, со оочеток во 12ч во соработка со здружението Вера од Струмица. Ресурсниот Центар е замислен како национален родителски сервис кој ќе […]

ПОКАНА

Здружението „ Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби„ има чест и задоволство да Ве покани на Промотивниот настан кој ќе се одржи во Сабота, 06.12.2014г. во Домот на АРМ- Струмица, со оочеток во 12ч во соработка со здружението Вера од Струмица.

Ресурсниот Центар е замислен како национален родителски сервис кој ќе служи на други родители и нивните деца со посебни потреби кои имаат потреба од некаква поддршка во нивните лични борби. Ресурсниот центар на родители е креиран со цел да биде првата референтна точка за родители на деца со посебни потреби и ќе нуди основни совети и обуки околу секојдневното функционирање на детето и семејството,со посебен акцент на новодијагностицираните семејства. На овој промотивен настан ќе се претстави Ресурсниот Центар со неговата досегашна работа како и идните насоки и идеи.

На настанот учество ќе земат претставници на Ресурсниот Центар, кои и самите се родители на деца со посебни потреби, претставник од УНИЦЕФ ,претставници на здружението ВЕРА од Струмица, како и секој заинтересиран присутен гостин.

Се надеваме дека ќе ја збогатите овoј промотивен настан со Вашето присуство.

Проектот и настанот е финансиски поддржан од страна на УНИЦЕФ

Сo Пoчит

Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби