Во рамките на тековниот проект, кој Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби го реализира во соработка со УНИЦЕФ, на 26.06.2015 година во просториите на Хотел ПРЕМИЕР во Битола одржа промотивен настан.
На настанот говореа Маја Лазаревска (проект координатор), Деница Велковска (проект координатор) и Горица Поповска-Налевска (регионален координатор
На настанот, пред голем број на родители на деца со посебни потреби и професионалци кои работат со деца со посебни потреби, беше презентирана досегашната работа на Ресурсниот Центар, нејзината стратегија, идните насоки и цели. Замислен како национален сервис кој нуди основни совети и насоки на сите родители на децата со посебни потреби околу секојдневното функционирање на детето и семејството, Ресурсниот Центар во Битола ги претстави својата идеја да ги обедини сите институции, организации и поедници со една единствена цел: квалитативно да го подобри животот на децата со посебни потреби и нивните семејства.
На следниот линк може и да го погледнете и интервјуто кое, за А1.мк, го даде Маја Лазаревска, проектен координатор и еден од основачите на Ресурсниот Центар на деца со посебни потреби.
Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби