Промотивен настан – Крушево

Во рамките на тековниот проект, кој Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби го реализира во соработка со УНИЦЕФ, на 14.08.2015 година во просториите на Дневниот Центар за деца и млади со посебни потреби во Крушево одржа промотивен настан. На настанот, како претставник на Ресурсниот Центар на родителите на деца со посебни потреби, […]

Во рамките на тековниот проект, кој Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби го реализира во соработка со УНИЦЕФ, на 14.08.2015 година во просториите на Дневниот Центар за деца и млади со посебни потреби во Крушево одржа промотивен настан.

На настанот, како претставник на Ресурсниот Центар на родителите на деца со посебни потреби, говореше Регионалниот Координатор Горица Поповска – Налевска.

По завршувањето на презентацијата следеше дискусија во однос на состојбата на децата со посебни потреби и нивните семејства во Општина Крушево.