Во рамките на тековниот проект, кој Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби го реализира во соработка со УНИЦЕФ, на 28.07.2015 година во просториите на Црвениот Крст во Охрид одржа промотивен настан.
На настанот, како претставник на Ресурсниот Центар на родителите на деца со посебни потреби, говореше Регионалниот Координатор Горица Поповска -Налевска
На настанот беше презентирана досегашната работа на Ресурсниот Центар, нејзината стратегија, идните насоки и цели. Замислен како национален сервис кој нуди основни совети и насоки на сите родители на децата со посебни потреби околу секојдневното функционирање на детето и семејството, Ресурсниот Центар ги претстави својата идеја да ги обедини сите институции, организации и поедници со една едниствена цел: квалитативно да го подобри животот на децата со посебни потреби и нивните семејства.