РЕСУРСНИОТ ЦЕНТАР во работни групи, форуми и средби во институции, Јуни – Септември, 2017

Спроведувајќи ги својата мисија и визија, во периодот од Јуни до Септември, 2017-та РЕСУРСНИОТ ЦЕНТАР учествуваше на серија од средби, состаноци, форуми и дебати во институциите на кои се зборуваше за можни промени и унапредување на законите и законската регулатива која се однесува на лицата со посебни потреби.   9 Јуни, 2017 – Министерство за труд […]

Спроведувајќи ги својата мисија и визија, во периодот од Јуни до Септември, 2017-та РЕСУРСНИОТ ЦЕНТАР учествуваше на серија од средби, состаноци, форуми и дебати во институциите на кои се зборуваше за можни промени и унапредување на законите и законската регулатива која се однесува на лицата со посебни потреби.
 
9 Јуни, 2017 – Министерство за труд и социјална политика на РМ, Ребека Јанковска Ристески (национален координатор на Ресурсен Центар и родител на дете со попреченост), работен состанок со претставници на 10 здруженија на граѓани кои што работат на полето на унапредување на правата на лицата со попреченост со цел да се запознае со програмските активности на  здруженијата.
 
21 Јуни, 2017 – Министерство за здравство на РМ, национален координатор Ребека Јанковска Ристески на тема: Унапредување на здравствената заштита на лицата со попреченост, хендикеп и посебни потреби
 
22 Јуни, 2017 и 1 Август, 2017 – Министерство за труд и социјална политика на РМ, Снежана Матовска, родител на лице со попреченост, работна група за измени и дополнувања на Законот за социјална заштита во делот на унапредување на правата на лицата со попреченост, како и отстранување на некои административни бариери кај некои од правата.
 
22 Август, 2017 – Министерство за труд и социјална политика на РМ и Здружение Инклузива, Весна Дојчинова Андреева (регионален координатор на РЦ и родител на дете со попреченост), Трибина: „Предлог мерки за дополнителна социјалната заштита за лицата со попреченост и нивните семејства”  
 
25 Септември, 2017 – Министерство за труд и социјална политика и Влада на Република Македонија, Ребека Јанковска Ристески (национален координатор на Ресурсниот Центар и родител на дете со попреченост) и Љупка Арсова Јуришиќ,  дискусија за можноста за отворање на Центар за ретки болести и за елаборирање на главните проблеми што ги засегаат лицата со ретки болести
 
28 Септември, 2017 – Интер партиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп (IИППГ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Полио Плус, Јасна Мандиќ (Претседател на Ресурсен Центар и родител на дете со попреченост ),дебата на темаПолитичко учество на лицата со хендикеп