novosti

Помогнати 100 семејства на деца со посебни потреби преку проектот „Среќно лице- заштитено лице!“

Во изминатите шест месеци годинава Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби реализираше активности за соочување и справување со стрес и криза кои се предизвикани од пандемијата на корона вирус наменети за родителите на децата со попреченост во две општини: Велес и Гостивар. Целта на проектните активности беше подобрување на семејната стабилност преку […]

Повеќе

Покана за одржување на Собрание на Здружението

Почитувани, Врз основа на чл. 20 од Статутот на Здружението на граѓани Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби, членовите на Ресурсниот Центар објавуваат: ПОКАНА за одржување на Собрание на Здружението Собранието ќе се одржи на 25.12.2019 (среда) во просториите на здружението на ул. Васко Карангелески бр.33, Скопје, со почеток во 18:00 ч. […]

Повеќе

Психолошко-едукативна работилница за семејства со деца со посебни потреби и сиблинзи, Хотел Бисер, с.Калишта, Струга

Одржана првата психолошко-едукативна работилница за семејства со ро децата со посебни потреби и сиблинзи. Од 22 до 24 Март, 2019 год. во Хотел Бисер, с.Калишта, Струга  се одржа првата психолошко-едукативна работилница за семејства со ро децата со посебни потреби и сиблинзи  за вкупно 67 учесници (12 семејства). Настанот го помогнаа и 8 волонтери од ПСУ Алгоритам Центар Скопје, Драган Даскаловски од Училница […]

Повеќе

Обука за родители

Во рамките на проектот “Expanding opportunities for social inclusion and enhance the quality of life of children with disabilities by empowering their parents and families”, кој Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби го спроведува заедно со УНИЦЕФ,  нашите координатори  одржаа обуки за родители „“Патот до зрелоста: Што треба родителите да знаат?“ во Велес (14.04.2018), Валандово (01.06.2017), Штип (13.06.2018), Струмица (29.06.2018) и Куманово (22.09.2018)

Повеќе

Петта психолошко-едукативна работилница за родителитe на децата со посебни потреби, Хотел Глигоров, Струмица

Одржана петта психолошко-едукативна работилница за родителите на децата со посебни потреби Од 01 до 03 Јуни, 2017 год. во Хотел Глигоров, Струмица се одржа третата психолошко-едукативна работилница за родителите на децата со посебни потреби за 60 учесници. Настанот беше дел од тековниот проект, кој Ресурсниот Центар го спроведува заедно со УНИЦЕФ. Работилниците ги водеше Проф.Д-р Диана Белевска. Гости на […]

Повеќе

Посета на општини во Македонија

Во рамките на проектот “Expanding opportunities for social inclusion and enhance the quality of life of children with disabilities by empowering their parents and families”, кој Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби го спроведува заедно со УНИЦЕФ, во периодот Ноември 2017 – Февруари 2018 нашите регионални координатори: Горица Поповска Налевска, Весна Илова Ташева, Весна Андреева, Маргарита Милошеска и Азби Шаќири посетија 33 општини во Македонија. Им благодариме […]

Повеќе

Обуки за родители – Гостивар, Ресен и Могила

Во рамките на проектот “Expanding opportunities for social inclusion and enhance the quality of life of children with disabilities by empowering their parents and families”, кој Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби го спроведува заедно со УНИЦЕФ,  Горица Поповска Налевска – регионален координатор и Радмила Цветковска – национален координатор, одржаа обуки за родители „Вештини за ефективно и активно […]

Повеќе

Одржана четврта психолошко-едукативна работилница за родителите на децата со посебни потреби

Од 11 до 13 Ноември, 2017 год. во Хотел Бисер, с. Калишта, Струга се одржа четврта психолошко-едукативна работилница за родителите на децата со посебни потреби за 60 учесници. Настанот беше дел од тековниот проект, кој Ресурсниот Центар го спроведува заедно со УНИЦЕФ. Работилниците ги водеше Проф.Д-р Диана Белевска. Гости на работилницата беа и Гоце Коцевски од Асоцијација на Млади Правници на Македонија […]

Повеќе

Танцовата група ЛАРОНДИНА во посета на основни училишта во Скопје

Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби, како поддршка на Британската Амбасада во Македонијаорганизираше средби на членови на танцовата група ЛАРОНДИНА од Велика Британија составена од танчери со Даунов Синдром во 9 основни училишта во Скопје:   ОУ Ѓорѓија Пулески – Општина Аеродром, ОУ 7 Марси – Општина Чаир,   ОУ Војдан Чернодрински – Општина Карпош,  ОУ Димитар Миладинов – Општина Центар, ОУ Коле […]

Повеќе

ЛАРОНДИНА во Битола

Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби, како поддршка на Британската Амбасада во Македонијаорганизираше гостување на танцовата група ЛАРОНДИНА од Велика Британија составена од танчери со Даунов Синдром. НУ Народен Театар – Битола овозможи бесплатно користење на салата и присуство на сите кои сакаа да присуствуваат на настанот. Пред настапот на неформалното дружење родителите на децата […]

Повеќе